Девојките „спобудалуваат“ по внукот на кралицата Елизабета, Артур Чато

19-годишниот вник на кралицата Елизабета, Артур Чато, е „таргет“ на бројни девојки ширум светот.

Младиот внук на британската кралица Елизабета е второ дете на Лејди Сара Чато, единствената ќерка на Ентони Армстронг Џонс и принцезата Маргарет, сестра на кралицата. А сега кога и принцот Хари се ожени, сите погледи се насочени кон младиот ерген Артур.

Но што знаеме за згодниот Артур Чато? Нема никаква титула, а мали се шансите и да добие титула, но сепак има „сина крв“ и е дел од кралското семејство. Вистинска ѕвезда е на Инстаграм, каде има над 100 илјади следбеници. Го сака спортот и сака да прави „селфи“ покажувајќи си го згодното тело. Иако моментно има девојка, младите фанови не престануваат да се надеваат дека можеби еден ден ќе го сретнат…Чести се пораките на социјалните мрежи кои ги добива, од типот „Те сакам“ или „Ожени се за мене“.

Една од предностите на овој згоден млад член на кралското семејство е и во тоа што не е пренатрупан со обврски, особено не со формални, какви што имаат принцот Вилијам и Хари, а и не треба да ги следи протоколот и етичките правила на кралското семејство. Затоа е слободен и може да има „нормален“ живот, а сепак, да ужива во кралските поволности.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет ги претставуваат костимите за капење за пролет/лето 2019 (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет триумфираше со нова рекламна кампања ...