Џастин Бибер ѝ дозволува на неговата сопруга да одлучи колку деца ќе имаат: „Тоа е нејзино тело“

Пејачот го даде овој одговор на Елен Деџенерис, која го праша колку деца би сакал да има: „Мислам дека зависи од Хејли затоа што тоа е нејзино тело“. По оваа изјава на Џастин Бибер следуваа куп коментари на Интернет.

Неколку пати канадскиот пејач зборуваше за неговата врска со манекенката. Сега, сепак, отиде малку подалеку, објаснувајќи во Шоуто на Елен дека одлуката за бројот на деца нема да биде негова туку на Хејли, од многу едноставна причина: станува збор за нејзиното тело.

Без коментар останала водителката, па му упари само краток одговор –  „добар одговор“, пред да премине на следното прашање, а тоа е прекарот со кој манекенката му се обраќа во секојдневниот живот. „Многу чудни работи“, одговорил Бибер, меѓу кои го спомнува и прекарот „Гу Гу“.

„Чуден, но ми се допаѓа“, рекол пејачот.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...