Џастин Бибер и Хејли Болдвин ги открија деталите за нивната свадба

Во последно време доста се зборува за Џастин Бибер и Хејли Болдвин, и за тоа дали ќе прават свадба или не, и каква ќе биде свадбата. И додека кружат гласини дека двадбата ќе се одложи поради неговата поранешна девојка, Селена Гомез, познатиот пар тоа го демантираше и ги отрки деталите за планираната свадба.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин брзо ја започнаа љубовната приказна, која се одвиваше со молскавична брзина, па така познатиот пар многу брзо стигна и до свадба. 

Иако веќе се венчани, познатиот пар сака да направи голема свадба. Целата приказна околу тоа, сепак, се пролонгираше, од непознати причини, иако според некои, причината била поранешната девојка на Бибер, Селена Гомез.
Како и да е , овие гласини беа демантирани од Џастин Бибер и Хејли Болдвин кои уште изјавија дека планирањето на свадбата е во тек и дека ќе се случи многу брзо.
Понатаму, Бибер и Болдвин открија дека свадбата ќе се случи на еден егзотичен тропски остров, дека ќе бидат поканети огромен број на нивни пријатели и дека Хејли ќе носи елегантна венчаница од познат американски дизајнер.

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...