Џастин Бибер и Хејли Болдвин по вторпат се венчаа

Џастин Бибер и Хејли Болдвин по вторпат си рекоа „да“, пренесува списанието „People“.

На 30-ти септември, парот се венчаа со фантастичен прием во хотелот Монтаж Палмето Блаф, во Јужна Каролина. На забавата присуствувале најблиските пријатели и семејството на малденците.

Џастин продолжува да се фокусира на својата музичка кариера и сега е далеку од моментите на депресија. Хејли пак, успешна манекенка, својата професија ја работи со страст, без да си „скрати“ ништо од нејзиниот приватен живот.

Меѓу гостите биле таткото на Хајли, Стивен Болдвин, нејзиниот чичко Били Болдвин, пријателката Кендал Џенер, моделката Џоан Смолс, менаџерот на Џастин, Скутер Браун.

На својот Инстаграм профил, Џастин се пофалил со скапоцениот часовник кој го добил на подарок.

Инаку, Џастин и Хејли првпат се венчаа во 2014 година. Бракот минуваше со подеми и падови и разделби, но очигледно двајцата не престанаа да се сакаат.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...