Џејмс Бонд вози електричен Астон Мартин во следниот филм

Дека електричните возила дефинитивно го освојуваат светот покажува и тоа што славниот агент Џејмс Бонд во следниот филм вози електричен Астон Мартин.

Режисерот Кари Ј.Фукунага сакал ѕвездата на филмот, Даниел Крег, да биде зад воланот на модел од Астон Мартин, поточно станува збор за автомобил кој наскоро ќе биде лансиран на пазарот, во ограничена количина, под името Rapid E. Тоа е воедно и првиот електричен автомобил од производителот Астон Мартин кој ќе биде произведен во 155 примероци, а ќе се продава по цена од 330.000 долари.

Најновиот филм за Џејмс Бонд има работен наслов Shatterhand, снимањето почнува во април, а филмот премиерно ќе биде прикажан во 2020 година.

Инаку, уште ланската година, од Астон Мартин го презентираа изгледот на новиот електричен автомобил Rapid E, кој е развиен во партнерство до Williams Advanced Engineering – компанија која дизајнира и делови за болиди и батерии за Формула 1.

Aston Martin Rapid E ќе се полни со систем од батерии од 800 волти, со капацитет од 65 kWh и опсег од 320 километри со едно полнење. Едвај чекаме да го видиме во акција.

x

Check Also

Новиот Huawei P30 lite е врвен спој на нови трендови и убава естетика

Мода е збор кој најчесто е изговорен од страна на млади луѓе. ...