Џенифер Анистон бесно им се обрати на фановите: „Проклетата маска мора да се носи”

Џенифер Анистон го отвори својот  Инстаграм профил минатиот октомври, и со првиот пост ја урна мрежата, а за неколку часа направи рекорд во бројот на следбеници. Глумицата главно го употребува профилот за поддршка на важни прашања, како што направи и овојпат – таа ги повика своите 34,4 милиони следбеници да се придржуваат до правилата за носење на заштитни маски.

-Разбирам дека маските се неудобни и непријатни за носење. Но не мислите ли дека е полошо тоа што бизнисот пропаѓа? Луѓето добиваат откази од работа. Здравствените работници се целосно истоштени. Овој вирус зеде многу животи поради тоа што ние не правиме доволно. Навистина верувам во доброто во луѓето и знам дека сите можеме да излеземе од ова. Но сепак многу луѓе одбиваат да ги преземат неопходните чекори за да се заштитат. Луѓето се грижат околу тоа што им се одземени правата со тоа што се замолени да носат маски. Оваа едноставна и ефикасна препорака е политизирана и платена со човечки животи и за тоа навистина не би требало да се полемизира“, напиша Џенифер на својот Инстаграм профил и собра над 6 милиони лајкови за 24 часа.

View this post on Instagram

I understand masks are inconvenient and uncomfortable. But don’t you feel that it’s worse that businesses are shutting down… jobs are being lost… health care workers are hitting absolute exhaustion. And so many lives have been taken by this virus because we aren’t doing enough. ⠀ ⠀ I really do believe in the basic goodness of people so I know we can all do this 🥰 BUT still, there are many people in our country refusing to take the necessary steps to flatten the curve, and keep each other safe. People seem worried about their “rights being taken away” by being asked to wear a mask. This simple and effective recommendation is being politicized at the expense of peoples’ lives. And it really shouldn’t be a debate 🙏🏼 ⠀ ⠀ If you care about human life, please… just #wearadamnmask 😷 and encourage those around you to do the same ❤️

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Сепак, меѓу коментарите имаше и бројни негативни забелешки упатени до глумицата, во однос на тоа дека маските не штитат од вирусот и дека и самата таа носи погрешна маска која не заштитува.

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...