Џенифер Анистон се извини што го „урнала“ Инстаграм

Кога го активираше својот Инстаграм профил, се склучи технички проблем односно „пад“ на Инстаграм поради огромниот број на фанови кои „навалија“ на профилот.

-Се колнам дека не сакав да го урнам…Ви благодарам дечки за љубезното добредојде“, се шегува 50-годишната глумица на својот Инстаграм профил.

Инаку, првата постирана фотографија беше селфи со дружината од популарната серија „Пријатели“.

Вториот пост пак, е фотографија од нејзината нова серија The Morning Show, додека третиот е фотографија од времето кога била мало девојче.

Веднаш по првиот пост се огласија и од Guinness World Records објавувајќи дека Анистон го постигнала рекордот за најбрзо можно време да собере најмногу фанови на Инстаграм. Поточно дека еден милион фанови собрала за пет часа и 16 минути, со што ги урнала сите досегашни рекорди.

x

Check Also

Меган Маркл не го дочека британското државјанство

Меган Маркл не го дочека британското државјанство за кое аплицирала уште по ...