Џенифер Лопез е ѕвезда на новата кампања на Coach

За колекцијата пролет/лето 2020, модната марка Coach ја ангажираше пејачката и глумица Џенифер Лопез. 
Фотографирана од Јурген Телер во Њујорк, Лопез ја претставува колоритната нова колекција во која доминираат неколку модни трендови – зелената, жолтата, сината и црвената нијанса, кожата и принтот од лица на блузите. 
Кампањата е насловена Originals Go Their Own Way, и навистина го оправдува слоганот. 
– Со дизајните на Стјуард и фотографијата на Јурген уловивме специјални и единствени визуелни моменти за кампањата, вклучувајќи го и легендарното небо над Њујорк“, вели Џенифер. 

x

Check Also

За кои 4 работи треба да размислиме кога купуваме на попуст?

Кој може да им одолее на попустите? Излозите на продавниците велат “Повелете“, ...