Џенифер Лопез и Алекс Родригез се верија

Џеј Ло и Алекс Родригез ја објавија нивната веридба на Инстаграм. Пејачката и поранешниот бејзбол играч во врска се две години. Фотографијата со прстенот веќе собра над 3 милиони „лајкови“.

Свадбените ѕвона повторно ѕвонат во „селебрити“ светот, а овојпат главни протагонисти се латино дивата Џенифер Лопез (49) и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (44). Џеј Ло и Родригез овие денови биле на романтичен одмор на плажа од кадешто ги споделувале фотографиите на Инстаграм, а потоа Џенифер ги изненадила своите фанови со фотографија од голем дијамантен прстен и неколку срциња во описот на фотографијата.

Со иста фотографија на Инстаграм се пофалил и Алекс, а за оние кои се сомневаа, во описот напишал – „Рече да“.

-„Да! Ќе бидам ваша кума“, напиша пак, на својот Инстаграм профил познатата водителка Елен Деџенерес.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...