Џенифер Лопез и Барби – највлијателни во модниот свет во 2019

Две сосема различни инспиративни жени беа наградени од страна на Советот на модни дизајнери на Америка, на една од најпрестижните церемонии во модната индустрија во Њујорк, CFDA. Модниот Оскар го добија Џенифер Лопез и Барби.

Портокаловата нијанса е најмодерна во 2019 година

Џенифер Лопез ја доби наградата CFDA Fashion Icon, за нејзиното „долго и глобално влијание врз модата“ според Советот на модните дизајнери на Америка. Во минатите години, меѓу другите, оваа награда ја добија и Наоми Кемпбел, Бијоне, Џони Деп и Ријана. 

На црвениот тепих и на сцената, Лопез покажа дека портокаловата нијанса е „ин“ во 2019 година, одбирајќи корално-портокалов комплет од Ралф Лорен. Топот со ролка и долги ракави е украсен со 43.000 кристалчиња. 

Барби, 60 години во модниот свет

Куклата од Мател, Барби, ја доби наградата за најголемо модно влијание кое трае веќе 60-на години.

 

x

Check Also

Еве ја темата и специјалните гости на Мет Гала 2020

Темата одбрана од Costume Institute за 2020 година за значајниот моден настан Мет ...