Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го прославија 4-ти јули

Двете sвезди заедно ја поминаа годишнината славејќи ја независноста на Америка. Прво заедно со некои од децата, потоа, романтично, на прошетка.

Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) го искористија американскиот празник за да му покажат на светот колку е силна нивната врска дека не е страст што поминува, ниту каприц.

Двајцата беа фотографирани заедно во Хемптонс, додека шетаа прегрнати. Навистина, со координиран изглед: исклучително шик уличен стил, во нијанси на сиво и крем, со панталони и дуксер.

Опуштени, вљубени, неразделни, sвездите не ја испуштија прегратката додека шетаа по улиците на Лонг Ајленд. Заедно со нив, на прошетка, беа и неколку пријатели, со кои ја споделија прославата за 4-ти јули.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Леонор од Шпанија како мама Летиција – обожава потпетици!

Шеснаесетгодишната Леонор еден ден ќе биде кралица, таа е најстара ќерка на ...