Џенифер Лопез лансира колекција на декоративна козметика

Не ретко популарните пејачи и глумци се вклучуваат во модниот свет како дизајнери на модни или козметички колекции, некои повеќе успешно, други – помалку. Сепак, „мајк ап“ колекцијата на Џенифер Лопез е една од најочекуваните за сезоната пролет/лето 2018.

Колекцијата на декоративна козметика за лице пејачката ја креирала во соработка со полскиот производител Inglot. Интересно е што колекцијата вклучува дури 70 козметички производи, односно, како што најавуваат од Inglot -се што е неопходно за постигнување на блескаво лице како Џенифер Лопез.

Брнозерите се во центарот на вниманието, а најпопуларна нијанса е карамелата.

Колекцијата вклучува и мејк-ап за очи, усни и нокти.

Во продажба ќе биде од 26 април, па веруваме дека дел од неа ќе биде достапна и во нашите поголеми парфимерии.

 

x

Check Also

Kарактерот на жената е обоен во различни нијанси, знаете ли која е вашата?

Секоја, ама баш секоја жена е убава на свој, посебен начин. И ...