Џенифер Лопез сака да се пресели во Италија

„Можам да кажам дека танцот и музиката се мојата прва љубов, но глумата е вистинската љубов во мојот живот“. Вака Џенифер Лопез во интервју за „Vanity Fair“ ја опишува нејзината најголема страст, осврнувајќи се на филмот „Hustlers“.

Понатаму, новинарката поставува многу специфично прашање: Што останува на вашата листа на желби?

– Кога ми го поставуваат ова прашање секогаш се однесува на кариерата и мислам: О, да, има многу работи на мојата листа на желби. Но, ако мислите на списокот со лични желби, би сакала да живеам на друго место, освен во САД, во мал град во Италија или од другата страна на светот, на Бали. Таму ќе пронајдам нов еден живот што е малку поедноставен и пооригинален и ќе можам да возам велосипед, да купувам леб, да пазарувам на пазар…ќе можам да уживам во прекрасен поглед на маслиновите полиња. Имам такви фантазии “, објаснува пејачката и глумица.

 

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...