Џенифер Лопез во фантастична фотосесија за Харперс Базар (ГАЛЕРИЈА)

Џенифер Лопез позира за насловната страница на Харперс Базар, а едиторијалот е воодушевувачки.

Пркосејќи и на гравитацијата, популарната пејачка позира во раскошни фустани од пролетните колекции на Оскар дела Рента, Каролина Херера и Валентино, во комбинација со накит од Блгари и чевли од Сен Лоран, Кристијан Лубутен и Капезио.

Едиторијалот е проследен со мега-интервју на пејачката, а априлското издание на Харперс Базар ќе се продава од 27-ми март.

Во фотосесијата снимена во Лос Анџелес, друштво и прави моделот Пјетро Босели.

 

x

Check Also

Кралицата Летиција во точкаста блуза од MANGO

Шпанската кралица Летиција и кралот Филип VI. го посетија спортскиот центар „Чентро ...