Џенифер Лопез – ѕвезда во новата кампања на Guess

На фотографиите од новата кампања на Guess, блеска Џенифер Лопез облечена во тесен текас фустан. ретро изгледот го гледаме во целата кампања, туа се големите очила за сонце и марамата која се носи околу глава. Тука се и полка точките, секси комбинезонките и костумите со риги со машки крој. Поточно, тука се сите најоглеми трендови на едно место, во една коликција, кои Guess ни ги носи на најмодерен начин.

 

Во кампањата среќаваме уште едно многу познато лице: Франческо Монте, италијански модел и телевизиска личност која совршено го отелотворува „невозможниот маж“ во модното рекламирање. Монте веќе објави неколку фотографии од кампањата на Инстаграм, во друштво на Џеј Ло, наведувајќи дека фотосесијата е снимена во Лос Анџелес „заедно со новата колешка“.

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...