Џенифер Лоренс и Куки Марони се верија

Гласините се потврдија како точни. Џенифер Лоренс и Куки Марони се свршиле.

Во вторникот, весникот New York Post ја потврди веста дека Оскаровката Џенифер Лоренс носела масивен веренички прстен додека парот вечерал во ресторанот Raoul’s во Њујорк. Всушност, истата вечер парот ја прославувал нивната веридба. Потврда за свршувачката пристигнала и од портпаролот на глумицата.

Марони е галерист и сопственик на уметничката галерија NYC во Њујорк. Врската на Лоренс и Марони започнала во јуни 2018 година, кратко време откако Лоренс ја прекинала врската со режисерот Дарен Аронофски. Причината за нивното разделување била презафатеноста со работа.

x

Check Also

Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да ...