Џиџи Хадид го заборави Зејн Малик благодарение на Тајлер Камерон, кое е новото момче?

Топ моделот Џиџи Хадид и Тајлер Камерон се запознале преку Инстаграм, но имаат заеднички пријатели од модниот свет.

Тајлер Камерон

Џиџи Хадид има нова преокупација, неговото име е Тајлер Камерон. 24-годишната супермоделка е фотографирана со новото момче во Frames Bowling Lounge, во Њујорк. Џиџи била облечена во лежерна мона комбинација со кратки хеланки во сина нијанса и бела маичка.

Претходната вечер, како што пишува Just Jared, Хадид е повторно забележана во друштво на Камерон во еден приватен клуб.

26-годишниот Камерон е телевизиска личност позната во САД, а до пред извесно време бил во врска со Хана Браун, исто така, позната телевизиска личност. Инаку, тој станал познат учествувајќи во реално американско шоу во кое група момчиња се натпреваруваат да го освојат срцето на главната протагонистка во шоуто, во случајов Хана Браун.

Џиџи пак, беше во врска со музичарот Зејн Малик (26), кој е еден од најплатените и најпопуларните уметници во музичката историја. Парот се раздели во јануари, 2019.

x

Check Also

Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да ...