Џиџи Хадид ја рекламира новата колекција на очила за сонце на Vogue

Топ моделот Џиџи Хадид е заштитно лице во кампањата на колекцијата за пролет/лето 2018 на популарната марка за очила за сонце Vogue.

Кампањата е снимена во Ибица, а Џиџи ги презентира новите модели на очила меѓу кои има и модели дизајнирани токму од неа. Новите дизајни се препознатливи по неочекуваните контрасти и асиметричните форми на рамките.

Колекцијата содржи седум модели на очила за сонце, сите во ретро-шик стилот. Некои од моделите се разубавени со додатоци од „сваровски“ кристалчиња, додека рамките со „животински“ принт се во центарот на колекцијата.

Новите модели од Vogue погледнете ги во фотогалеријата.

x

Check Also

Инвестирај во своето знаење – студентски бенефити од Халкбанк за студирање во МБУ

Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, ...