Џиџи Хадид нема да настапува на шоуто на Викторија сикрет

Организацијата на големото шоу на Викторија сикрет, кое треба да се одржи за првпат во Кина, ја достигнува својата кулминација во проблемите откако е потврдено дека топ моделот Џиџи Хадид сепак, нема да настапува на шоуто.

Настапот на ревијата на Викторија сикрет на русокосата убавица беше потврден во септември, но сега е демантирано нејзиното учество. Сеуште се непознати причините за откажувањето на учеството на Џиџи Хадид на големото шоу, но се претпоставува дека тоа се должи на актуелните недоразбирања кои ги има со кинескиот народ (околу постираната фотографија на која јаде колач во форма на Буда), но и поради тоа што неколку нејзини колешки-модели од Русија не добија виза од Република Кина за да учествуваат на шоуто.

Повеќе за проблемите во организацијата на шоуто на Викторија сикрет во Шангај, прочитајте – ТУКА.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...