Џиџи Хадид позира за пролетната колекција на PRADA

Италијанската луксузна модна марка Прада за потребите на рекламната кампања за колекцијата пролет/лето 2019, ангажираше неколку познати модели – Џиџи Хадид, Анок Јај, Лиу Вен, Маике Инга и Фреја Беа Ериксен.

Фотографирани од Вили Вандерпер, моделите се стилизирани во духот на 60-те години, со нагласени трепки во стилот на Твиги.

Во фокусот на пролетната/летната колекција на Прада се беби дол фустанчињата, а од модните додатоци – предимензионираните траки за коса и секако, елегантните чанти. Од материјалите пак, доминираат проѕирните, полка точките и плисот.

Погледнете каква мода ни предлага Прада за пролет/лето 2019.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет ги претставуваат костимите за капење за пролет/лето 2019 (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет триумфираше со нова рекламна кампања ...