Популарниот глумец Џон Траволта беше ѕвезда на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Рим.
Глумецот се појави облечен во елегантно издание – бела кошула, црн костум и црни мокасини, на премиерата на новиот филм во кој глуми „The Fanatic“.
Додека фановите врескаа по него, Траволта со широка насмевка на лицето се фотографираше со нив и љубезно делеше автограми.