Џони Деп обвинет за семејно насилство од поранешната сопруга Амбер Херд, тој се брани

Глумицата Амбер Херт го обвинува за семејно насилство својот екс-сопруг Џони Деп.

Холивудскиот глумец не го прифаќа ова обвинување и се брани. „Не сум насилен тип. Не сум ја тепал Амбер“.

Славниот глумец ја раскажува неговата верзија на фактите и ги отфрла тешките обвинувања на поранешната сопруга. „Холивудските моќници се обидоа да ме замолчат, но јас сум подготвен да го напуштам филмот ако овој заговор продолжи”, рече актерот во ексклузивното интервју за ноемвриското издание на британскиот GQ.

Деп и Херд се разведоа во јануари, 2017, после двегодишен брак (се венчаа во 2015). Причина за разводот беше што Амбр Херд се пожали на малтретирање од страна на Деп во нивната куќа во Лос Анџелес. Сега, по првпат Деп прозборува.

-Ми прави лошо. Најлошото е што сум претставен како личност каква што не сум и што е вусшност, многу далеку од тоа што навистина сум.

Деп и Херд

Актерот се пожали и дека поради овие обвинувања му се урнала кариерата. „По ваквите обвинувања, луѓето поинаку ме гледаат. Како да сум ѕвер. А потоа се појавија и афирмациите како – луд е, треба да направи тест за менталното здравје“.

 

Разводот заврши со вонсудски економски договор со над 5,5 милиони долари за Амбер, а Деп беше тужен од неговите менаџери, кои го обвинија дека ги потрошил своите пари на пороци и забави. Сега тој објаснува дека Холивуд е за него “кукавичко гнездо” кое се обидува да го замолкне поради сопствени интереси. Вели, подготвен е да остави сè ако е потребно: „Еден ден ќе се врати мојата репутација, јас знам дека вистината ќе излезе на виделина порано или подоцна …”.

x

Check Also

Бела Хадид во новата кампања на Мајкл Корс

Бела Хадид е главно лице во новата кампања на Мајкл Корс за ...