Џорџ и Амал Клуни ја вратија „долче витата“ во Рим

Во Рим се врати „долче вита“-та. Барем на еден ден. Џорџ Клуни денес престојува во главниот град на Италија за најавата на серијата Catch – 22, во која тој глуми, но исто така е режисер и продуцент. Серијата ќе стартува на 21ви мај на Скај Атлантик.

Денот е полн со обврски за Оскаровецот, а со него ќе се појават и други учесници во серијата.

Славниот пар вниманието го привлече уште вчера вечерта, кога се појавија на вечера во рибниот ресторан „Пјерлуиџи“. За оваа прилика Амал носеше кариран комплет во морнарски стил во комбинација со кафени салонки на високи потпетици и впечатлива глитер чантичка.

Веруваме дека за нивниот престој во Италија ќе видиме уште неколку интересни модни изгледи на г-ѓа Клуни, која освен по успешната адвокатска кариера е позната по љубовта кон модата.

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...