Џорџ Клуни има „таен план“ како повторно да ги спои Бред Бит и Џенифер Анистон

Дали 14 години по разводот, Бред Пит и Џенифер Анистон ќе бидат пак, заедно?

Бидејќи разводот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли е официјализиран, многу фанови се надеваат дека повторно ќе ги видат заедно Бред Пит и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон. Меѓу оние кои навиваат за Пит и Анистон, е и холивудскиот глумец и близок пријател на Бред Пит, Џорџ Клуни. Според известувањата на некои медиуми, всушност, Клуни има и план како повторно да се спои поранешниот пар.

Американското списание Лајф едн Стајл, повикувајќи се на извор – близок пријател на Џорџ Клуни, го објави „тајниот план“ на Џорџ Клуни кој има за цел повторно да ги соедини неговите блиски пријатели.

Првиот дел од „планот“ на Клуни, треба да се случи во Рим, каде што на Клуни и Амал ќе им се придружат Бред и Џенифер и да поминат заедно еден „топ сикрет“  викенд во релаксација. Средбата и ноќевањето треба да се случи во приватна вила резервирана во име на родителите на Клуни, а во вилата ќе престојуваат и самиот тој со сопругата, Амал.

Според изворот на списанието, Пит веќе се согласил со планот на неговиот пријател и би сакал да се врати на минатите среќни денови со Џенифер. Пит рекол и дека, за време на престојот во Рим, ќе се обиде да ја убеди неговата поранешна сопруга дека може да му верува.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...