Џорџ Клуни: Меган Маркл секаде е прогонувана и клеветена, исто како принцезата Дајана

Популарниот холивудски глумец Џорџ Клуни застана во одбрана на Меган Маркл, објаснувајќи им на медиумите дека нејзиниот третман од јавноста е сличен како оној кој го имала принцезата Дајана.

Клуни и неговата сопруга Амал се инаку пријатели на кралската двојка принцот Хари и поранешната глумица Маркл. Тие беа и на свадбената церемонија на Хари и Меган, а се шпекулираше дека тој ќе биде и кум на нивното дете.

-Меган Маркл секаде е прогонувана, следена е и клеветена. Таа е жена која е бремена во седмиот месец, а постојано ја „бркаат“ како што го правеа тоа на Дајана, историјата се повторува“, објаснува Клуни.

Тој додава – „Видовме како тоа заврши. Можам да ви кажам колку фрустрирачко е тоа да се гледа. Земате писмо од ќерка наменето за таткото и го прикажувате насекаде.“ Овие коментари на Клуни доаѓаат откако е запрашан на тема за бебето на Меган и Хари, и дали тој ќе биде кумот.

 

x

Check Also

Меган Маркл во „вау“ чизми од Викторија Бекам

На одбележувањето на денот на британските војниги кои загинале во Првата светска ...