Џорџ Клуни (пак) застана во одбрана на Меган Маркл

Познатиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал се блиски пријатели на војвотката од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари. Откако Маркл стана принцеза, медиумите постојатано и се зад вратот и таа редовно е на насловните страници со различни спектакуларни наслови и шпекулации.

Имено, 57 годишниот глумец повторно застана во одбрана на Меган Маркл со тоа што новинарите ги нарече нељубезни поради сите коментари кои биле упатени на војвотката. Клуни и порано застанувал во одбрана на Маркл покажувајќи дека и е вистински пријател.

Во интервјуто за Good Morning Britain, глумецот изјавил дека не е воопшто пријатно да се гледа медиумскиот напад на војвотката и нагласува дека таа, за разлика од новинарите, е паметна и љубезна.

x

Check Also

Кристи Тајген со линија на очила за сонце, сите по супер цена

Американскиот модел Кристи Тајген е позната по бројните фанови на Твитер кој ...