Џорџ Клуни во центар на трачевите поради наводното тајно дете

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни е центар на актуелните трачеви поради тоа што, наводно, има уште едно дете, петгодишната Ава, ќеркичка на неговата поранешна девојка Стејли Кеиблер со која глумецот беше во врска од 2011 до 2013 година.

Џорџ и Стејси во времето на заедничките денови

58-годишниот глумец со сопругата Амал, со која е во брак од 2014 година, има две двегодишни близнаци Ела и Александер.

Според „Бизнис Тајм“, Џорџ Клуни има уште едно дете, 5-годишната Ава. „Бизнис Тајм“ наведува дека за оваа вест Клуни дознал кога на неговата домашна адреса пристигнало анонимно писмо во кое од него се бара да направи ДНК анализа за да се види дали навистина тој е татко на девојчето. Се наведува и дека ова писмо предизвикало непријатности во односот со неговата сопруга Амал.

Како зачин на приказната за заедничкото дете на Џорџ и Стејси, се појавија гласините дека двајцата се гледале и откако ги запознале новите партнери. За време на појавата на овие гласини, Стејси ужива со сопругот, сопственик на маркетинг компанија, и нивните две деца – едногодишниот Боди и петгодишната Ава. Ни брачниот пар Клуни не се занимава со овие озборувања туку моментно уживаат во Комо, Италија, кадешто глумецот има куќа.

Стејси со сопругот и двете деца

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...