Џорџо Армани купи суперлуксузен апартман со поглед на Менхетен

Веста пристигна од Wall Street Journal кој пишува: Џорџо Армани го освојува Менхетен. И не од модните писти на Модната недела, туку од врвот на кулата што се издига над Централ Парк. Дизајнерот купи супер луксузен пентхаус со поглед на Менхетен за скромна сума од 15,7 милиони евра.

Поткровјето купено од Џорџо Армани е всушност редизајнирана „стара“ куќа изградена во 1929 година. Станот има површина од скоро 280 м2. и се состои од: четири спални соби, големи прозорци со висина од над четири метри, дрвен бар, и тераса од над 150 квадратни метри. Она што навистина остава без зборови е терасата што го обвиткува пентхаусот на Армани по целата негова должина и конечно, уникатниот поглед на њујоршкото небо и на Менхетен.


Ентериериерот во новиот дом на Армани се состои од: антички лустери што висат од украсениот таван, пар црвени фотелји кои се издвојуваат меѓу мебелот и панелите од темно дрво. Кујната пак е дизајнирана од челик. Спалната соба се наоѓа на северната страна, а вклучува мебел нарачан по мерка.

x

Check Also

Каја Гербер е лице во пролетната кампања на Џими Чу

Каја Гербер продолжува да се искачува кон врвот на модните скалила. Новиот ...