Џулија Робертс ги рекламира новите трендовски чорапи од Calzedonia

„Најубавата насмевка во Холивуд“ повторно е заштитно лице на новата кампања на италијанската модна марка за долна облека.

Енергична, позитивна и секогаш единствена – вака, во три збора, може да ја дефинираме Џулија Робертс, холивудската глумица. Сакајќи да ја претстави новата колекција која се карактеризира токму со овие три збора Calzedonia ја одбра токму Робертс за свое заштитно лице за новата кампања за колекцијата есен/зима 2018.

Линијата на чорапи и хулахопки го носи името „Чорапите на Џулија“, а содржи трендовски модели, вклучувајќи ги и оние со суперпопуларниот анимал принт и полка точки.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...