Диета Кембриџ – брз и суперефикасен план за слабеење

Осмислена во Велика Британија во 1970 година од доктор Ален Ховард од Кембриџ, оваа диета се базира на дневен внес од 440 до 1.500 калории.

Кембриџ диетата е нискокалорична протеинска диета која гарантира брзо губење на килограми, а зависно од телесната маса на поединецот, внесот на калории е ограничен од 800 до 1.500 калории дневно.

Диетата има четири фази кои траат по една недела.
Во првата фаза внесот на храна не би требало да е повеќе од 800 калории дневно. Во втората фаза -1.000 калории дневно, во третата фаза 1-200 и во четвртата фаза – 1.500 калории дневно.

Дозволени пијалаци се чај, кафе, минерална вода (сите со засладувач, без мед и шеќер), а забранети се овошните сокови, било-кој пијалак кој содржи шеќер, млекото и строго забранет е алкохолот.

Исхраната се состои само од протеински оброци. Диетата овозможува брза загуба на килограми, па затоа е важно за време на диетата да се внесува дополнителна доза на витамини.

Значи оброците се сведуваат на паче варено (печено) месо или риба, јајца, дозволени се немасни сирења и мала количина на зеленчук. Препорачливи се и протеинските прашоци кои заменуваат оброк. Лебот и тестенините се забранети.

Тешка за држење, многу ефикасна, но може да биде и опасна доколку не се контролира здравјето, зашто со неа може да се загубат и 5 килограми неделно односно цели 20 килограми месечно.

x

Check Also

Диета со диња и лубеница

Најдобра диета е онаа која нема да ви претставува тежина додека се ...