Осмислена во Велика Британија во 1970 година од доктор Ален Ховард од Кембриџ, оваа диета се базира на дневен внес од 440 до 1.500 калории.
Кембриџ диетата е нискокалорична протеинска диета која гарантира брзо губење на килограми, а зависно од телесната маса на поединецот, внесот на калории е ограничен од 800 до 1.500 калории дневно.
Дозволени пијалаци се чај, кафе, минерална вода, а забранети се овошните сокови, било-кој пијалак кој содржи шеќер, млекото и алкохолот.
Исхраната се состои само од протеински оброци. Диетата овозможува брза загуба на килограми па затоа е важно за време на диетата да се внесува дополнителна доза на витамини.
Значи оброците се сведуваат на паче варено (печено) месо или риба, јајца, дозволени се немасни сирења и мала количина на зеленчук. Препорачливи се и протеинските прашоци кои заменуваат оброк. Лебот и тестенините се забранети.
Тешка за држење, многу ефикасна, но може да биде и опасна доколку не се контролира здравјето, зашто со неа може да се загубат и 5 килограми неделно односно цели 20 килограми месечно.