Диета која прави чуда: Како до совршена фигура како Моника Белучи

Оваа диета ветува дека телото ќе доживее промени исто како да сте биле на липосукција. Моника Белучи и Џенифер Анистон се ѕвездите кои ја практикуваат липосукциската исхрана.

Како што објаснува Кенан Мандра, нутриционист од компанијата „International Health“, кој ја усовршил оваа диетна програма за здраво и брзо слабеење, оваа исхрана нема никакви врски со хируршката липосукција, а дава идентични резултати. Целта на овој диетен протокол е брзо и ефикасно топење на мастите.

Програмата е многу едноставна, како што истакнува Мандра, треба да се вратиме на храната која ја јаделе нашите претци. Меѓу другото, тоа се природните масти од животинско и растително потекло. Масти, протеини и аминокиселини.

Со оваа диета не се чувствува глад, но протоколот бара простување од омилените намирници од секојдневната листа на исхрана. За почеток, јагленохидратите не се добредојдени. Исто како што не е добредојден ни непријателот број еден – шеќерот. Тој се наоѓа дури и во намирници за кои никогаш не би ни помислиле дека содржат шеќер, на пример, во сосот од домати. Целта на липосукциската исхрана е метаболизмот да почне да го троши својот извор на масти како извор на енергија, а не како досега, кога како главен извор на енергија го користевме токму шеќерот. Енергијата добиена од шеќерот е многу пократкотрајна отколку онаа која ја добиваме од сопствените масни резерви.

Другиот проблем на денешната исхрана е хормоналната нерамнотежа, која е причина за прекумерното дебелеење. Поради хормонален дисбаланс доаѓа до таложење на масти, а примарниот извор на енергија станува шеќерот. Денешните намирници се преполни со вештачки бои, засладувачи и адитиви, а сѐ тоа придонесува за хормонално пореметување. Ако земеме предвид дека нашите претци не знаеле што значат вештачките бои и адитиви, можеме да разбереме дека таквите состојки во намирниците ни се непотребен „луксуз“. Липосукциската диета не е опасна за здравјето, ниту пак, е од оние со јо-јо ефект, а овозможува за само 14 дена да ја вратиме убавата форма, благодарение на тоа што телото ќе ги користи залихите на масти и организмот ќе си ја врати својата хормонална рамнотежа. А кога еднаш ќе се освестиме колку вештачки состојки употребуваме во исхраната, ќе ни биде полесно да го задржиме фокусот на здравјето.

LIPO DIET CENTAR во центарот на Скопје

Пред да одлучите да ја практикувате липосукциската диета со која извонредна фигура си обезбедија бројни познати личности, советувајте се со доктор кој ќе процени дали овој протокол е адекватен за вашиот организам. И запомнете, не е поентата само во тоа да ослабнете брзо, туку и да го промените начинот на исхрана и да ги прифатите здравите навики чии резултати ќе се видат на долгорочна патека.

Инаку, според истражувањата, корисниците забележале дека со еден третман од 14 дена ја намалиле телесната тежина за 7 до 10 отсто поради синергиското делување на аминокиселините и билните влакна, препорачани од Центарот на „Интернешнл хелт“.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...