Диета со лубеница и диња

Најдобра диета е онаа која нема да ви претставува тежина додека се придржувате до неа. Ако диеталната исхрана ви овозможува да уживате во вкусовите, сигурно ќе биде полесно да издржите подолг период, а со тоа и повеќе килограми ќе изгубите.

slika 76

Една од полесните диети што гарантираат резултат е диетата со диња и лубеница. Ова овошје содржи висок процент на вода што обезбедува доволно количество на течности во текот на денот. Предности на дињите и лубениците е во тоа што речиси воопшто не содржат масти.

Покрај тоа што содржи многу вода, дињата е исто така одличен диуретик, а содржи малку шеќер – околу 10 проценти. Сто грама на диња има само 29 калории. И лубеницата е богата со вода (92 проценти), но има повеќе шеќер од дињата. Благодарение на слаткиот вкус, а ниската калорична вредност (100 гр. има само 30 калории) е совршена замена за слатки, поради што често се користи во диеталните начини на исхрана. Лубеницата содржи и ликопен, еден од најмоќните антиоксиданси, кој ја дава црвената боја и освежувачкиот вкус.

Диеталниот начин на исхрана вклучува три главни оброци и две ужини. Во текот на диетата потребно е секој ден да се внесуваат најмалку 2 литри течност. Дозволени се и свежи (цедени) овошни сокови.

Ужината (по појадокот и ручекот) е секогаш иста : ладно парче диња или лубеница.

Корисни за крвта, бубрезите и кожата

Освен што се диетални, лубеницата и дињата се корисни за здравјето :

– Ликопенот од лубеницата штити од заболувања на простатата, градите, ендометриумот и белите дробови ;

– Облогите со сок или кора од лубеница поволно делуваат против изгореници и некои кожни болести ;

– Лубеницата ја подобрува пх- вредноста на крвта, а крвните садови ги чисти од масни наслаги ;

– Ја стимулира работата на бубрезите, помага да се исфрлат штетните материи од телото и ја спречува инфекцијата на уринарниот тракт ;

– Благодарение на антиоксидантните активности на витамините А и Ц, дињата штити од срцеви болести и го забавува процесот на стареењето ;

– Дињата има многу калиум и го намалува крвниот притисок ;

– Растителните влакна од дињата го олеснуваат варењето ;

– Облогите од сок или рендана диња ја елиминираат болката.

 

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...