Диета со јагоди, ем вкусна ем ефикасна

Диетата со јагоди може да ги воодушеви сите љубители на оваа нискокалорична овошка. А доколку се придржувате до неа, за една седмица може да „стопите“ два до три килограми.

Во 100 грама јаготки има само 30-на калории, па затоа во оваа диета јагодите се вклучуваат во секој оброк. Самата диета гарантира доволно енергија во текот на денот и едноставна загуба на килограмите.

Препорака е денот да се започне со 300 грама јаготки за појадок, а истата количина се конзумира и за десерт по ручекот. Меѓуоброкот исто така вклучува порција јагоди, а за вечера се препорачува 500 грама јагоди и јогурт со ниска масленост пред спиење.

Освен јагоди од овошје е дозволено на ден и половина банана.

Како изгледа дневното мени на оваа диета?

Појадок – кафе или чај со половина лажичка кафеав шеќер (или вештачки засладувач), 350 грама јагоди и 50-грама (парче) посно сирење.

Меѓуоброк – мал сендвич кој вклучува интегрално парче леб, посно сирење и парче пилешко.

Ручек – Бистра супа од зеленчук, салата од зеленчук со лимонов сок и 1 лажичка маслиново масло, 350 грама јагоди и чаша бело вино.

Меѓуоброк – 350 грама јагоди со лажичка кафеав шеќер.

Вечера – 500 грама јагоди, тофу-сирење и чаша немасен јогурт.

x

Check Also

3 фитнес грешки поради кои се откажуваме од целта да ослабнеме

Овие три грешки прават најголем проблем во постигнувањето на целите – цврсто ...