Диета со компири, стопете ги килограмите брзо и лесно

Компирот е вкусен и едноставен за подготовка. Спроведувањето на оваа диета не е посебен трошок, а за само пет дена обично се губат три килограми. Со оглед на тоа дека компирот дава чувсто на ситост, лесна е за држење, па доколку сакате да симнете 6-7 килограми, повторете ја 5-дневната диета со кратка пауза од неколку дена.

Како изгледа 5-дневниот диетен режим? Еве, предлог за диетно мени кое трпи различни варијации кои се базираат на компир (печен или варен), а како додаток може да вклучите и спанаќ, сезонски зеленчук и јајца:

Прв ден – за појадок чаша јогурт, два варени компири. За ручек – 300 грама варен компир (пире) со малку маслиново масло и малку сол. Прилог со ручекот – зелена салата (или спанаќ) со едно варено јајце и кромид. Вечера- зелена салата или два домати, 250 грама печен компир и 50 грама младо сирење.

Втор ден – Појадок – чаша јогурт (немасен), 2 варени јајца, краставица или домат по желба. Ручек – мусаката од зеленчук (без месо), зелена салата. Вечера – 250 грама компир салата со кромид, магдонос. Зеленчук по желба.

Трет ден – Третиот ден е најригорозен и вклучува 1 килограм компир (печен или варен), малку маслиново масло и 150 грама младо сирење. За меѓуоброк – чаша јогурт.

Четврти ден – Појадок – чаша јогурт и две варени јајца, домати. Ручек – мусака од зеленчук со компир, зелена салата. Вечера – сега можете да вклучите со компирот (печен) и парче месо по желба (максимум 200 грама), печено или на скара.

Петти ден – Појадок – компир варен, јогурт, јајце, домати. Ручек – компир печен или варен со парче пилешко месо 150 грама (динстано, варено или печено), зелена салата. Вечера – компир пире со парче риба 200 грама (на скара).

x

Check Also

10 нови идеи за здрав и брз појадок

Ви недостигаат идеи за здрав појадок? Благодарение на нутриционистите, креативни идеи секогаш ...