Диета со ориз, по урнекот на доктор Валтер Кемпнер

Денес постојат различни варијанти на оваа диета, но оригиналната потекнува од 1939 година а нејзин креатор е доктор Валтер Кемпнер.

Во времето кога се појавила оваа диета главната намена и била да го регулира шеќерот во крвта, да ја подобри работата на бубрезите, да го забрза метаболизмот и да го намали високиот крвен притисок. Но бидејќи со ваквиот начин на исхрана пациентите на кои им се препишувала диетата, почнале да губат од телесната тежина, ориз-диетата станала суперпопуларна меѓу оние кои сакале да ослабат.

од билтенот на доктор Валтер Кемпнер

Оттогаш со текот на годините се појавуваат различни варијанти на  оваа ефикасна диета, но ниедна од нив – освен во името- нема некои допирни точки со оригиналната од 1939 година  со која се губат 7-10 килограми.

Оригинална диета со ориз

Важен дел од диетата со ориз е ограничувањето на внесот на сол, односно додека се држи оваа диета најдобро е солта сосема да се исфрли од исхраната или да се намали до минимум.

Диетата се држи три недели (седмици) и прилично е монотона.

Појадокот е секој ден ист – филџан варен ориз без сол и без шеќер. За подобар вкус можете да исцедите половина лимон и да додадете малку маслиново масло. Уште подобро доколку оризот кој го варите е интегрален.

Појадокот треба да се земе најдоцна еден час по будењето.

Ужината е исто така иста. Таа треба да биде два –три часа после појадокот, а дозволува 1 јаболко/крушка или 1 банана, или 2 праски.

Ручек во првите 7 дена од диетата (прва седмица)

– филџан варен ориз, филџан грашок/грав или леќа (дозволено е да користите секакви зачини, но не и сол) и парче интегрален леб.

Вечера во првите 7 дена од диетата (прва седмица)

– филџан варен ориз и 150 грама немасно месо (пилешко, мисиркино, риба, бифтек). Месото не треба да се посолува, за подобар вкус може да се исцеди половина лимон. Дозволено е да се изеде за вечера плус едно парче интегрален леб.

Ручек за втората седмица

– филџан ориз и парче интегрален леб.

Ужина – 1 овошје по избор

Вечера за втората седмица

– филџан ориз и парче интегрален леб (односно исто како и појадокот).

Трета седмица

Третата седмица е фаза на прилагодување на организмот на новата телесна тежина со цел килограмите повторно да не се вратат. Во текот на третата седмица треба да се храните според менито од првата седмица со тоа што смеете да додадете и една млечна ужина меѓу ручекот и вечерата (200 мл млеко/јогурт или мал овошен јогурт).

За три недели држејќи се до оваа диета би требало да се загубат 7 до 10 килограми.

Здрава диета

Иако е монотона и многу рестриктивна станува збор сепак за здрава диета зашто оризот дава брза и инстант енергија, ја поттикнува работата на цревата, се стабилизира нивото на шеќер во крвта, се регулира крвниот притисок, а со оглед на тоа дека оризот содржи и многу витамини и минерали, особено витамин Б1, диетата одлично делува и на кожата која го враќа сјајот и здравиот изглед.

Бидејќи оризот е извор на јагленохидрати со оваа деита нема да се чувствувате исцрпено.

x

Check Also

Најдобрите од првиот ден на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид се закитија со медаљи

Македонската триатлон федерација со одлична организација на ЕТУ Балканското првенство во Охрид ...