Диета со волшебна супа за брзо слабеење

Диетата наречена волшебна супа не само што помага брзо да се ослободите од вишокот на килограми туку и одлично го чисти организмот.

supa 1

Основна намирница во оваа диета која се држи седум дена е таканаречената волшебна супа. За седум дена со оваа диета се губат 3 до 4 килограми. Супата се прави првиот ден во неделата, а следните шест дена само ја загревате.

Супата се јаде три пати на ден и тоа кога ќе се појави чувство на глад. Во диетата се дозволени и чаеви без шеќер, кафе, цедени овошни сокови и се разбира многу вода.

Како се подготвува волшебната супа

6 главици кромид, 1 зелка, 1 целер, 2 зелени пиперки, 3 моркови, 4-5 домати, 2 литра вода, 2 супи од ќесичка или коцка за пилешка/говедска супа, сол и црн пипер.

Како се држи диетата по денови

1 ден. Само супа и овошје (освен банана), чаеви без шеќер и вода.

supa 3

2 ден. Супа и зелечнук (варен и свеж). Од зеленчук не е дозволено, грашок, пченка и грав. Дозволен е 1-2 компири печени со луспа и наросени со маслинов зејтин.

supa 2

3 ден. Супа и сите видови на овошје и зеленчук.

4 ден. Супа, немасно млеко, јогурт или кефир 2-3 чаши, 1-2 банани.

5 ден. Супа, 2 тенки парчиња говедско месо (печено или варено) и зеленчук (но, не компир, грав и грашок).

6 ден. Исто како и петтиот ден.

7 ден. Супа, интегрален ориз, и варен или свеж зеленчук.

x

Check Also

Што треба да појадувате ако сакате да слабеете?

Дали претпоставувате што треба да појадувате ако сакакте да слабеете? Макмода ви ...