Диета со здрави јагленохидрати, до пролет со рамен стомак

Можете да ослабете со помош на јагленохидрати и побрзо да дојдете до рамен стомак, доколку се придржувате на оваа диета која е моментно многу популарна во САД, особено меѓу ѕвездите.

Додадете ги овие есенцијални јагленохидрати во својата секојдневна исхрана и останете сити во текот на денот, здрави и енергични и тоа без големи „жртви“.

Диетата дава само листа на дозволени намирници и сугестии што од нив е совршено за појадок, меѓуоброк, ручек и вечера. Сепак остава простор сами да ги комбинирате дозволените намирници.

Диетата на база на здрави јагленохидрати пожелно е да ја држите 3 недели за да ги добиете вистинските резултати од неа.

Во првите три недели се „симнуваат“ до 5 килограми, а доколку продолжите и понатаму секоја следна недела ќе се ослободувате уште од 1,5 до 2 килограми. Што не е малку, нели?!

На листата на дозволени намирници се наоѓаат следните – Овесни снегулки, овесна каша, јогурт до 2 чаши на ден, јајца, сите видови на интегрален леб и тестенини, соја (и сос од соја), сладок компир (до максимум 300 грама на ден најмногу до три пати во неделата), црвена леќа (до 1 порција дневно), риба и бело пилешко/мисиркино месо (но не и салами) до 200 грама секој втор ден, печурки до 200 грама, од овошје дозволени се – зрнестото овошје, црешите, јаболката (до 2 на ден) и бананата (бананата до 1 на ден), брокулата е дозволена во поголема количина, спанаќот е дозволен во голема количина.

Водата е задолжителен пијалок, но се дозволува и цеден свеж сок од лимон (наутро).

Кафето без шеќер и чајот се дозволени.

Алкохолот не е дозволен освен 1 чаша црвено вино (поретко).

x

Check Also

3-дневна диета со мандарини

Диетата ќе им се допадне на сите оние кои сакаат протеинска храна ...