Диета во три чекори на високи потпетици

Како што кажува и самото име оваа диета, покрај одредениот план на исхрана подразбира и три чекори. Првиот и најважен чекор е чистење на организмот од токсини, вториот одвикнување од слатки, а третиот е намалување на количеството на маснотии во подготовката на храната. Диетата трае околу три недели, во текот на кои можете да симнете од 5 до 7 килограми.

Значи, пред да започнете со диетата во три чекори, односно пред да почнете да го применувате планот на исхрана, треба да ги стекнете следните навики:

1. Исчистете ги филтрирачките органите

Доколку, желудникот, црниот дроб и бубрезите се веќе оптоварени со нередовна и нездрава храна, најпрвин треба да ги исчистите од токсините, за да можат да работат со „полна пареа“.

Тоа не значи дека треба да го намалите внесувањето на калории, туку мора да  смените некои навики. Еве ги основните правила:

– Ограничете ја употребата на сол и сол додадете на крајот на готвењето- така јадењето помалку ќе ја апсорбира. Делумно можете да ја замените и со ароматични тревки или целосно да ја исфрлите и да употребувате малку натриум.

– Одберете интегрални производи: Нерафинирани тестенини,  леб и ориз богати со влакна кои ја подобруваат работата на цревата, олеснувајќи го на тој начин исфрлањето на отпадните материи од организмот.

– Јадете многу зеленчук : Содржи многу течности, минерали и антиоксидантни витамини кои ја поттикнуваат циркулацијата. Содржи и влакна кои освен што помагаат во работата на цревата, под контрола го држат и холестеролот.

13

2. Чекор: Избегнувајте ги шеќерите

Без слатки, а со повеќе свежо овошје: Доколку неколку дена се придржувате до ова правило ќе се чувствувате полесно. Но, за брзо и ефикасно да го исчистите организмот од токсини, изберете производи сиромашни со калории, а богати со вода.

3. Намалете го количеството на маснотии додека готвите

Ако сметате дека јадењето нема да биде доволно вкусно без масло или путер употребувајте маслиново масло, а месото печете го на скара или подготвувајте го во тефлонска тава.

План на диетата

Истото мени на јадење можете да го повторувате сите три недели или да го менувате, правејќи избор од предложените јадења. На јадењата можете да им додадете најмногу 5 лажици масло во текот на денот, а зеленчук можете да јадете во неограничени количини.

Секој ден

Појадок : јогурт со намалени маснотии, шолја кафе без кофеин, парче интегрален леб со малку џем.

Ужина : шолја обезмастено млеко или чаша свеж сок од портокал, или две парчиња ананас, или две парчиња тост со мед или мала банана.

Понеделник

Ручек : 70 грама  ориз со масло и пармезан, 120 грама риба варена на пареа, салата од моркови.

Вечера : чинија пире од зеленчук (200 грама), 100 грама посно свежо сирење, салата од кромид, боранија и варен компир.

Вторник

Ручек: 70 грама интегрален ориз со зеленчук, 100 грама пилешки прсти печени на скара, мешана салата зачинета со малку масло.

Вечера: Една чинија супа од зеленчук со 20 грама тестенини, две јајца тврдо сварени или печени во рерна и едно парче интегрален леб.

Среда

Ручек: 60 грама интегрални тестенини со сос од грашок и грашок, зелена салата и овошна салата.

Вечера: Супа од 200 грама зеленчук со две лажици ситни тестенини, 150 грама ослиќ, печен на скара и варен спанаќ.

Четврток

Ручек: Едена чинија со пире од компир и сос од домати, 60 грама обезмастено свежо сирење, една главица варена зелка зачинета со масло и магдонос.

Вечера: 150 грама печени мисиркини гради, варена тиквица, кромид и боранија, интегрално печиво.

Cupcake_wallp-1024x640

Петок

Ручек: 70 грама интегрални тестенини со сос од пиперки, 100 грама печено телешко, марула и моркови.

Вечера: една чинија пире од зеленчук, 120 грама  варен октопод со компир, салата од домати.

Сабота

Ручек: Едена чинија салата(70г) со мешунки (30г суви), мешан зеленчук печен во рерна, овошна салата.

Вечера: Пица „Маргарита“ или вегетеријанска пица, марула, една топка овошен сладолед од лимон.

Недела

Ручек: 70 грама рижото од интегрален ориз и тиквица, варено јајце, салата од варена боранија и кромид.

Вечера: 150 грама бифтек, интегрален леб, 2 артичоки печени во рерна со лук и магдонос.

Алтернативни јадења

Појадок

– Една чаша обезмастено млеко, двопек од ориз со една лажица мед, една чаша сок од грејпфрут.

– Филџан бело кафе, три суви бисквити, едно парче овошје.

Ручек

– 70 грама спанаќ, сирење моцарела, салата од коњска трава

– 70 грама тестенини, риба готвена на пареа, салата од домати и анасон.

– 70 грама јачмен со мешан зеленчук, варено јајце, салата од моркови.

– 100 грама равиоли со сос од домати, зеленчук на скара, две киви

– 70 грама ориз со тиквици, 100 грама пилешки гради на скара, салата од моркови.

Вечера

– Супа од зеленчук со две лажици ориз, 150 грама печена риба во фолија, бритва

– 150 грама печено месо од зајак, интегрално печиво, варени тиквици, моркови и компир

– Омлет од две јајца, интегрално печиво, една чинија варена боранија

– Два ражнича од мисирка и зеленчук печени на скара, интегрално печиво, една чинија карфиол готвен на пареа

– Една чинија пире од зеленчук, парче препечен леб, 120 грама пилешко месо со компир

x

Check Also

Крем од банана против упорна кашлица и бронхитис

Неговото дејство е тестирано во третманот на постојана кашлица и бронхитис. Особено ...