Диетата и фитнес тајните на Мерлин Монро

Таа е најголемата секс бомба на 20-от век и жена која ја симболизира класичната убавина и гламурот! Еве ги нејзините трикови…

Магазинот “Пеџент” во далечната 1952 година објави интервју во кое Мерилин откри многу работи за својот приватен живот. Меѓу другото, тоа беше можност за сите да дознаат како најпосакуваната жена на сите времиња ја негува убавината.

marilyn

– Искрено, јас никогаш не мислев дека мојата фигура е извонредна, До неодамна, речиси и не ни размислував за тоа. Мојата единствена и најголема грижа беше да јадам доволно. Сега морам да се грижам да не јадам премногу. Јас никогаш не сум се мачела со вежбањето. Сега јас секое утро поминувам најмалку 10 минути вежбајќи со мали тегови. Ги имам развиено своите вежби за мускулите кои сакам да ги затегнам и знам дека ми одговараат, бидејќи јас ги чувствувам мускулите како ми работат додека вежбам – раскажа Мерлин.

Актерката ја открила нејзината едноставна рутина за затегнување на градите, која ја правела секој ден, штом ќе се разбуди. Во прашање е вежба со дигање на тегови од 2 килограми од позиција на отворени раце, додека не дојдат директно над главата. Мерилин ова го повторувала 15 пати, со бавно темпо. Потоа ќе ја повторела вежбата, но во обратна насока.

l_2220_marilyn-hotdog--1-

Втората вежба е кружење со рацете кои се наоѓаат 45 степени од подот, исто така, со тегови.

– Никогаш не ми се допаѓале спортови кои се играат надвор, и немам желба да се усовршам во тенис, пливање или голф. Ќе ги оставам овие работи на мажите. Иако тоа е многу модерно во Калифорнија, јас не мислам дека премногу сончаната кожа е привлечна, но и поздрава од белата. Лично јас не сум за темен тен, затоа што сакам да се чувствувам како русокоса по целото ваше тело – зборуваше таа понатака.

Мерлин ја истакнувала важноста на сонот, па затоа се трудела да спие доволно. Ако некогаш ќе си скратела некој час од спиењето, задолжително го надокнадувала утредента.

– Во зависност од обврските, спијам помеѓу пет и десет часа секоја ноќ. Спијам во голем кревет и се покривам со само еден покривач и на лето и на зима. Не поднесувам пижами или спаваќи, ми го расипуваат сонот.

7fb9b2d0-bbe8-11e3-9ca4-45f385d14d9c_Marilyn-Monroe-working-out-

Кога е исхраната во прашање, Мерлин се држела до протеинска диета, а некои од нејзините навики на многумина им делувале малку бизарно. Појадокот им го опишувала како „совршен за секоја работна девојка“, се состоел од врело млеко во кое се изматени две јајца. Ова напивка ја комбинирала со витамински таблети. За вечера обично јадела печено месо во рерна со свежи моркови.

Ваков начин на исхрана и дозволувал да не се откажува потполно од своите „слатки гревови“ и без грижа на совеста да ужива во сладоледот.

– Сигурна сум дека не би можела себеси да си го дозволам ова задоволство, доколку мојата секојдневна диета не се состои во потполност од протеини – заклучила Мерлин.

x

Check Also

LIVSANE… За живот полн енергија

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје Здравјето е едно од ...