Диетата на Џенифер Лопез, еве што јаде за да остане во топ форма

Пејачката и танчарка, која наскоро ќе наполни 51 година, има тонирано и совршено тело, како резултат на интензивен и постојан тренинг, но исто така и на добра диета.

Неверојатната физичка форма на Џенифер Лопез, која ќе наполни 51 година на 24 јули, е резултат не само на мајката природа, туку и на многу тренинзи и пред сè на хипер контролирана диета. Во скоро сите нејзини оброци таа следи ригорозен режим.

За појадок

Диетата на Џенифер Лопез е многу слична на диетата која ја практикува Меган Маркл. За појадок – храна богата со протеини или овесна каша. Според списанието „People“, нејзиниот идеален пијалак за појадок е составен од јагоди, боровинки, грчки јогурт, цимет, мед и протеински прашок, за да ги одржи мускулите ефикасни.

Ѕвездата е исто така обожавателка на класичната чаша вода и лимон за да го започне денот, и продолжува да биде добро хидрирана со пиење минимум седум чаши вода секој ден, како што објаснува нејзиниот тренер Дод Ромеро за Us Weekly во 2019 година. Но, никогаш нема да видите кафе на нејзината маса наутро: пејачката внимателно го избегнува кофеинот.

Мени за ручек

Нејзиниот личен тренер, Трејси Андерсон, и диктира на Џенифер избалансирана диета. „Мора да јадете многу често затоа што ви треба здраво гориво за сите активности што ги правите во текот на денот“, напиша тој на својата веб-страница во 2018 година.

„Секоја храна мора да биде органска, а менито е многу внимателно селектирани: богато е со висококвалитетни протеини и многу хранлива и свежа храна. Постојат многу салати кои Џеј Ло сака да ги вкуси, честопати заедно со нејзиното момче и идниот сопруг Алекс Родригез. Омилени состојки на пејачката за разновидните салати се зелка, семе од тиква, фета сирење,  и кромид, сите зачинети со прелив од маслиново масло“, објаснува Андерсон.

Откако ги роди своите две деца, Макс и Ем, Џеј Ло следеше веганска диета за да ја изгуби тежината.

„Откако бременоста заврши, увидов дека има осум до десет килограми повеќе“, изјави ѕвездата за магазинот Екстра.

После строгата веганска диета, Лопез постепено додавала во исхраната пилешки гради, говедско месо, лосос и месо од ајкула, за да го зголеми внесот на протеини.

Мени за вечера

Здравите оброци продолжуваат и за време на вечерата, кога таа лично влегува во кујната и се посветува на вегетаријанското мени, кое го наменува и за нејзините деца.

– Ние јадеме многу зелен зеленчук, како аспарагус, брокула и зелка “, рече таа. „Многу сакам да готвам храна од порториканската кујна бидејќи со таква храна пораснав“. Но за вечера готвам и посложени јадења како што е белиот ориз, гравот во комбинација со зеленчук, храна што ја сака моето семејство.

 

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...