Диетата на Кејт Мидлтон: Што јаде војвотката од Кембриџ за да остане во топ форма

Откријте ја тајната на Кејт Мидлтон како останува во топ форма и покрај трите бремености.

36-годишната Кејт Мидлтон внимава на исхраната. Кога во 2011 година се омажи со принцот Вилијам, „новопечената“ војвотка од Кембриџ не криеше дека за нејзината завидлива линија е заслужна диетата Дукан. Но, потоа, поради бременоста, мораше да го смени диетниот режим и навиките на масата, на кои и денес се држи.

И по раѓањето на нејзиното трето детенце, Луј, војвотката од Кемриџ е витка и со тонирано тело. Трите бремености во рок од само пет години не оставија никаква трага и не и донесоа ниеден килограм вишок. Всушност, ситните килограми кои ги доби со бременостите, веднаш ги „симнуваше“ во рекордно време и без никој да забележи. Навиките на масата особено ги сменила за време на втората бременост, која била тешка. Во консултација со нутриционистката Луиз Паркер, ја прифатила диетата Паркер.

Според оваа диета, се предвидуваат три главни јадења во денот на база на протеини, здрави масти и јагленохидрати со низок гликемиски индекс. Диетата се прави според личната состојба на оној кој ја применува, според количината на масното ткиво, секојдневните обврски и желбите на клиентот. Со вежбите и исхраната, големо внимание се посветува на доволно здраво спиење и позитивно размислување кое гарантира успех.

„Сонот е важен елемент на методата Паркер, како и дигиталната детоксикација за време на ноќта. Тоа значи дека зад вратата на спалната соба се забранети мобилните телефони и други технолошки апарати. Ги поттикнуваме луѓето пред спиење да читаат книга“, открива Луиз Паркер, основач на оваа диета.

Инаку, Британките ја нарекуваат Луиз Паркер – фитнес магионичарка. Нејзината диета ја применуваат и бројни холивудски ѕвезди, а британската глумица Ема Томпсон за шест недели ослабнала два конфекциски броја, односно загубила осум килограми. Глумицата во едно интервју изјави дека за тоа е заслужна личниот фитнес-тренер на војвотката од Кембриџ, Лузи Паркер и нејзината Метода.

Еве како изгледа диетното мени според диетата Паркер, која ја следи Кејт Мидлтон.

Појадок – 2 јајца, тенко парче леб од семки од лен, и 2 печени домати. Сок од половина лимон со половина чаша топла вода. Сокот се пие пред омилениот филџан џај или кафе, во кое не смее да се додаде повеќе од 100 мл немасно млеко. Овошните сокови не се дозволени. Во паузата од појадокот до ручекот може да се изеде 1 јаболко или 12 бадеми (доколку сте гладни).

Ручек – Пилешка салата со лист магдонос, коријандер, 3 мали домати, брокула, краставица, 1 кромид и варени пилешки гради со додаток на маслиново масло. Мала порција хумус со грашок.

Вечера – Печени ракчиња или шкампи (100 грама) со маслиново масло, лук, црн и црвен пипер и ѓумбир. Може да се јадат со сос од соја и зелен зеленчук.

40 минути дневно треба да се посветите на активностите кои ќе ви помогнат да согорувате маснотии. Може да бде брзо одење, велосипед или пливање.

Следејќи го овој режим две недели, ќе ослабнете 6 до 8 килограми!

 

x

Check Also

Вода Саси и 28-дневна Саси диета за брзо топење на мастите

Нутриционистката Синтија Сас, популарна по пијалокот за слабеење – водата Саси, ги ...