Диетите и негата на Марија Антоанета

Била колекционерка на скапа облека и чевли, имала посебни третмани за нега и водела специфичен режим на исхрана.

ma 2

Еве неколку занимливости кои можеби не ги знаевте за Марија Антоанета.

Во цели три простории ја чувала гардеробата. Нејзин омилен моден креатор била Роуз Бертин, Французинка која кроела ексцентрични и провокативни фустани, исклучително скапи. Но можеби не сте знаеле дека Марија Антоанета фустаните ги носела само еднаш, и никогаш повеќе. Менувала најмлаку три фустани во текот на денот.

ma1

За да ги сочува рацете нежни спиела со ракавици откако претходно рацете ги мачкала со восок и слатко масло од бадеми.

За нега на лице користела маска која и ја подготвувале од краставица, лимонов сок, дабова мов и лилјани, како и маска од вино и камфор.

За нега на усни користела маска од рози и ванила.

За нега на коса –  шафран, куркума и сандаловина.

ma 5

Имала свој личен дизајнер на парфеми, Жан Луј Фаргеон, кој бил задолжен да произведува за неа секогаш нови и свежи парфеми. Ги обожувала цветните парфеми, особено оние направени од јасмин, и тоалетните води на база на портокал.

ma 3

Имала специфичен режим на исхрана, а за витка линија јадела таканаречена Чудотворна супа за вечера.

Еве го рецептот за супата – се вари малку пилешко, јагнешко или говедско месо потоа  се додава зеленчук како кромид, лук, целер, зелка, кељ и некои билки, се чека супата до се излади, па се отстрануваат сите масти што се наоѓаат на врвот на супата, потоа се става супата во замрзнувач за уште еднаш да се отстранат сите масти од врвот. На крајот повторно се загрева супата и така добивате порција супа од само 110 калории. Ручекот на Марија Антоанета секогаш бил направен од протеини со зеленчук.

x

Check Also

Самопотемнување без флеки на телото, во неколку чекори

Стилистката Џеклин Хил која е една од најуспешните советници за убавина на ...