Диетниот режим на Бијонсе: Диета спортивна на „Дукан“ и „Аткинс“

Како изгледа толку секси? Бијонсе отворено проговори за својата диета во емисијата „Добро утро Америка“.

bi 2

Пејачката призна дека има големи проблеми со варирање во телесната тежина и за да изгледа привлечно мора да воведува конкретни диетни програми.

„Не сум од оние жени кои немаат облини, испробував различни видови на диети уште од раната младост. Ми беше многу тешко да го најдам вистинскиот начин на исхрана кој ќе ми помогне да ја задржам витката линија“, објаснува Бијонсе, додавајќи дека конечно го нашла вистинскиот начин на исхрана и благодарение на таа диетна програма не само што ги симнува килограмите туку има и сјајна кожа.

По раѓањето на ќерката Блу Ив, Бијонсе се држи до режимот на исхрана кој го сугерира нутриционистот Марко Борџес. Борџес неодамна објави книга за револуционерната веганска диета а таа ги исклучува сите производи од животинско потекло, дури и јајцата и млекото.

Еден оброк вклучува дури 80 отсто јагленохидрати, 10 отсто масти и само 10 отсто протеини. Во денот се дозволени три оброци и 30-минути важбање, пиење многу вода и вечера најмалку два часа пред спиење.

Ѕвездата пак на револуционерната диета „21 ден“, Марко Борџес, објаснува дека за да ја прекратиме секоја навика потребни ни се точно 21 дена. „22-от ден ќе бидете вооружани со нова навика, тоа е како магија“, тврди Борџес.

x

Check Also

5-дневна диета со лубеница

Лубениците се одлични за слабеење бидејќи содржат 90% вода. Освен што ќе ...