Диетниот режим на Меган Фокс

Само пет месеци по породувањето глумицата ја врати совршената форма на телото.

mf123

Додека се бара билет повеќе во кино салите за обработката на филмот Нинџа Желки во кој Меган Фокс има една од главните улоги, нејзините фанови се интересираат како таа повторно ја врати совршената форма на телото само пет месеци по породувањето.

Харли Пастерак, личниот тренер на Фокс, го задоволи љубопитството на оние кои се интересираат за менито на убавицата. За разлика од бројните филмски ѕвезди кои килограмите ги намалуваат со помош на диетите кои не вклучуваат јагленохидрати и кои се главно протеински, тренерот вели дека „Меган јаде храна која содржи јагленохидрати, но само оние кои се добри за телото“.

Успехот до постигнувањето на саканата форма тој го објаснува вака – „Балансирана исхрана со протеини, јагленохидрати, здрави масти и целосно исклучување на слаткото“. Поточно, дневното мени на Меган Фокс изгледа вака – за појадок омлет приготвен од две белки, парче авокадо и цеден сок од лимон и портокал, за ручек – зеленчук, малку хумус и парче пилешко на скара, а за вечера салата.

Препораката на тренерот на холивудските ѕвезди е да не се прескокнува ниеден оброк и да се воведат два меѓуоброци кои би вклучувале свеж зеленчук.

Судејќи според менито, топ-формата на Фокс сепак е резултат на строгиот диетен режим кој е поддржан со вежбање. Имено, глумицата три пати во неделата напорно вежба во теретана по два часа.

 

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...