Диетниот режим на Наоми Кемпбeл

Супермодел Наоми Кемпбел, која сеуште е активна на модната сцена, изгледа совршено и на 44-годишна возраст.

dieta 2

Никогаш немала проблеми со килограмите, во младоста благодарение на напорните фитнес тренинзи и балансираната исхрана, а на оваа возраст благодарение на диетниот строг режим кој го спроведува еден месец пред важните настани и снимања.

Топ-моделот четири пати во годината прави детоксикација на организмот и при тоа губи 3 килограми за само една седмица. Пред важните настани и снимања ригорозната диета ја продолжува до две седмици.

Ако сте издрживи и дисциплинирани како Кемпбел, со оваа брза диета за две недели може да ослабите до 8 килограми.

Диетниот режим вклучува само три дозволени намирници – лимон, лута пиперка и јаворов сируп.

dieta12

Како тоа изгледа? Во сад со два литри вриена вода се цедан пет лимони, потоа се додаваат 10 лажици јаворов сируп и една лажица лута пиперка. Се тоа се меша и се добива лимонада. Не баш многу вкусна. Се пие во текот на целиот ден. И толку.

Оваа диета позната под името брз прочистувач може да ја проба само оној кој е во добра здравствена кондиција. Како тридневна диета за прочистување пак, се препорачува секому. За три дена секако ќе бидете килограм полесни.

 

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...