Диетно викенд мени: Специјалитети од спанаќ

Го сакате спанаќот, но би сакале да пробате нешто поинакво од познатиот рецепт со ориз и јајца. Пробајте ги овие лесни специјалитети кои немаат калории, а изобилуваат од здрави состојки.

spanak 2

Спанаќот изобилува со голем број хранливи фито-материи, кои го одржуваат доброто здравје и спречуваат развој на многу болести. Овој зеленчук е со многу ниска калорична вредност (во 100 грама свеж спанаќ има само 23 калории, содржи солидна количина растворливи растителни влакна, и поради тоа  секогаш се препорачува во диетите и во програмите за намалување на холестеролот во крвта.  Редовното присуство на спанаќ во исхраната помага во спречувањето на остеопорозата, анемија предизвикана од недостиг на железо, а се верува дека заштитува и од кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево и простатата.

За овој викенд ви препорачуваме да ја дегустирате следните три вкусни специјалитети од  спанаќ.

Предјадење: Салата од спанаќ

За да го подготвите ова предјадење потребно ви е – 2 цвекла, 200 г спанаќ, 100 грама фета сирење, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка оцет, 50 г ореви, ситно исецкан копар, 20 грама павлака, супа од зеленчук, сол и црн пипер.

spanak 1

Подготовка

Сварете ја супата од зеленчук, па тргнете ја од оган и оставете ја да се излади. Цвеклата ставете ги во голем лонец и врз нив истурете ја изладената супа. Варете ги цвеклата на тивок оган 20 минути се додека не омекнат. Откако ќе се сварат, исцедете ги цвеклата и оставете ги целосно да се изладат. Откако ќе се изладат, излупете ги цвеклата и исечкајте ги на тенки листови.

Во голема чинија за сервирање ставете ги листовите од младиот спанаќ, кои претходно добро сте ги измиле. Исецкајте ги оревите и растурете ги врз спанаќот. Потоа рамномерно додадете ги исецканото цвекло и фета сирењето, кое претходно сте го исецкале на коцкички.

Маслото за јадење, копарот, оцетот и павлаката измешајте ги се додека сосот не се соедини. Наросете сол и црн пипер по желба, па сосот рамномерно полијте го врз салатата.

Главно јадење:  Спанаќ со ореви и сирење

Потребни состојки – 1 килограм спанаќ, 100 грама фета сирење, 100 грама гауда, 1 крушка, 50 грама сечкани ореви, масло за јадење, сол.

spanak 4

Подготовка

На загреано масло кратко пропржете го претходно исечканиот и измиен спанаќ и посолете.

Исцедениот спанаќ ставете го на чинија за сервирање. Двата вида сирења исечкајте ги на листови, а крушката излушете ја и исечкајте ја на коцки. Во топлиот спанаќ додадете ги исечканите ореви, сирењето и крушата, па промешајте.

На крајот попрскајте го спанаќот со ладното масло.

spanak 5

Мезе од спанаќ

Потребни состојки – 1 килограм спанаќ, 100 грама фета сирење, 1 слатка павлака, 300 грама моркови, 50 грама сечкани ореви, млад кромид, малку маслиново масло и сол.

Подготовка

Сварете го спанаќот и морковите. Потоа, исцедете ги. Изгмечете го сирењето и заедно со павлаката и ситно исечканите ореви претурете го во садот со изладениот спанаќ и исечканите моркови. Целата смеса претурете ја во блендер и миксајте додека не стане компактна. На крајот додадете лажица маслиново масло, ситно исечкан млад кромид, и посолете.

Сервирајте со крцкав леб или крекери.

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...