Диор Круз 2023 Шоу

Има модни ревии и модни ревии. Секако од најголемите модни брендови се очекува најмногу, па нивните настани, претставени преку идеите на водечките креативци на светските модни гиганти, изобилуваат со креативност, луксуз и естетика и се створени за уживање и разгалување на духот.

Ако мината година најатрактивните модни настани беа на тлото на САД, (модните шоуа на Гучи во Холивуд и Луј Витон во Мајами), оваа година, иако сеуште не е измината, ќе ја паметиме по она што се случуваше во Севиља, а то а е модното шоу на францускиот моден гигант Кристијан Диор (Christian Dior), „Диор круз 2023 шоу„ (Dior Cruise 2023 Show).

При крајот на јуни во организација на креативниот директор на Диор, Мариа Грациа Киури (Maria Grazia Chiuri), во Севиља, на преубавиот плоштад Плаза де Еспања (Plaza de Espana), Диор ја претстави новата колекција Есен/Зима 2022/2023, под наслов Диор круз 2023 шоу.

Ревијата оддава почит и ја слави андалузиската култура, убавината  и грациозноста на андалузиската жена. Заштитно лице на колекцијата е славната Кармен Амаја, позната како La Capitana, која е прва фламенко танчерка која танцуваше облечена во машка облека, а сепак истакнувајќи ја женственоста и грациозноста.

Погледнете го шоуто уште еднаш и уживајте во креациите и прекрасната атмосфера.

x

Check Also

Колку сте склони кон зависност, според вашиот хороскопски знак?

Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, ...