Дизел маичка која стана славна преку ноќ

Благодарение на модната блогерка Леандра Медин која позираше со оваа маичка, новата маичка од марката Дизел стана најбарано модно парче за сезонава.

maicki 1

Маичката е едноставна, достапна во бела и црна боја, а на неа има принт – минимален цртеж на женски гради.

Дизел ја пушти новата колекција на маички вчера, колекцијата е потпишана од креативниот директор Формикети, а маичките со минималниот цртеж се продадоа само за неколку часа.

Цената на маичката е 58 долари, но на интернет продавниците веќе не е достапна. Поради долгата листа на оние кои сакаат да ја нарачаат, се очекува нова серија.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...