DISTRIKT NEW RISING STAR ги бара музичките таленти

Скопје Мериот хотел и Дистрикт бар и ресторан со новиот проект DISTRIKT NEW RISING STAR, е во потрага по неоткриени музички таленти. Хотелот со отворен повик ги повикува сите талентирани музичари кои имаат желба за успех и кои сакаат да бидат слушнати и откриени, да се пријават и со тоа да добијат шанса за настап во ресторанот на Скопје Мериот хотел.

Отворениот повик е упатен до сите музички ентузијасти, бендови, DJ-и, дуо, соло артисти или можеби гитаристи кои имаат желба за успех и кои сакаат да бидат слушнати. Преку дадената можност за настап во својот ресторан, Скопје Мериот хотел им помага на младите таленти да го покажат она што го знаат, да ги исполнат своите сценски соништа и да се доближат до сопствениот можен успех.

Сè што треба да направите за да се пријавите е да испратите аудио или видео снимка од вашата изведба, име и презиме, возраст, контакт инфо и ваша фотографија на distriktbarkitchen@gmail.com. Потрагата по New Rising Star ќе трае во текот на целата година, но бидете меѓу првите и аплицирајте веднаш!

За повеќе информации и прашања околу отворениот повик достапен е телефонскиот број 071 238 522. Искористете ја шансата и бидете новата ѕвезда на Дистрикт.

x

Check Also

Топ 3 топли чоколади кои мора да ги пробате оваа есен (еве како да ги подготвите)

Ја сакате топлата чоколада подготвена на сите можни начини, дури и со ...